речник контакт

Вечерва, петок во 22.02 ч. доаѓа есента

Денес, петок, ноќта и денот на северната хемисфера траат подеднакво.Не очекува врнежлива и потопла есен

Петар Печков

На северната хемисфера, вечерва, петок 22 септември календарски и астрономски  започнува есента. Во Македонија, таа официјално ќе пристигне во 22.02 часот по средноевропско време.

Во првиот ден на есента (инаку 265-ти ден во годината), денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски ден, сонцето во Велес изгреа во 6 часот и 20 минути точно на исток, а ќе зајде во 18 часот и 31 минути точно на запад. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето ќе биде околу 149,5 милиони километри или блиску до просечната вредност.

Есента ќе заврши на 21 декември во 17 часот и 27 минути, односно ќе трае 91 ден. Тогаш на северната полутопка ќе почне зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткодневица. Од сабота, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до максималните 15 часа, а денот ќе се намалува до само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта .

Да повторам што велат метео прогнозите за есенва.  Се очекува врнежлива есен, октомври и ноември и потопла од просекот. Можни поплави по речните долини Вардар, Црна, Брегалница. Ќе има и неколку продори на студени фронтови од север и североисток веќе од почетокот на октомври. Всушност, веќе првите есенски денови се  типично „есенски“, со заладување и послаби врнежи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »