речник контакт

Вечерва ,,Електра,, од Пула на Стоби

Познавачите типуваат дека ова ќе биде најдобрата претстава на годинашниот фестивал на античка драма ,,Стоби,,

Петар Печков

,,Електра,, на Истарско Народно Казалиште од Пула вечерва   со почеток во 21 часот,ќе биде прикажана на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,.  Претставата се бави со односот деца – мајка и одмаздата на децата кон родителите. Режисерот вели дека прво што направил е да го направи јазикот  на текстот пристапен за актерите и публиката и да ја соголи претставата на минимализам.  Електра е жена опседната  со осветата за таткото и со манипулација  го тера братот Орест да го изврши чинот на убиство и ја превзема кривицата. Двајцата отпосле  дознаваат  дека чинот е залуден. Со својата судбина не  предупредуваат дека  маѓепсаниот круг на освета за настаните во минатото не може да донесе мир, ниту дозволува нов почеток.

Оваа античка драма ја препознав  во многу елементи во времето во кој времето во држава во која заедно живеевме. Таму имаше толку горки искуства и на Електра и на Медеја, несакани деца, и отфрленост на единката. Секој од јунаците во претставата има свое право и своја вистина. Приказната  е сместена помеѓу небото кое е кров и земјата која е темел на животот - вели режисерот Дамир Златар Фреј. 

Оваа претстава одлично помина кај хрватската јавност. Во неа играат Хелена Миниќ, Бранка Цвитковиќ, Томислав Квартуч, Зоран Келава, Лана Гојак, Дамјан Симиќ, Елда Косановиќ,Гордана Шимиќ и како гостин Васил Зафирчев.

Во претставата ме интересира вистината во мене, во луѓето, не глумата. Клитемнестра, која јас ја играм  е врв на актерството и дојде на 40 години од мојата глума. Создадовме претстава која е задоволство да се гледа и да се игра – вели Бранка Цвитковиќ национална првенка на хрватскиот театар .   

Драматургијата во ,,Електра,, е на Жељка Удовичиќ,  музиката на Дарко Хајсек, додека костимите, сценографијата и кореографијата се на режисерот Фрај.

Истарско народно Казалиште минатата  година  гостуваше во Македонија  со ,,Салома,, на МОТ. Режисерот Фрај  наесен со Сараевското Народно Позориште ќе започне да ја подготвува ,,Медеја,, со која се надева дека до година ќе учествува повторно на Стоби. Со оваа претстава завршува натпреварувачкиот дел од десетиот Фестивал на Античка драм Стоби, каде беа прикажани седум претстави.

Утревечер , сабота. ќе бидат доделени наградите за кои ќе решава жирито Марушка   Гејмаер Облак, Бедија Беговска и Братислав Димитров. Ќе бидат доделени четири награди Афродита за најдобра претстава, режија, машка и женска улога.  Во чест на наградените ќе биде изведена претставата ,,Последниот од Македонците,, на Драмски театар до Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »