речник контакт

Вечерва Енеида на Стоби

Младите актери на еден храбар и решителен начин се прифатија на задачата и создадоа одлична претстава

Петар Печков

Вечерва со почеток во 21 часот,  на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ќе биде прикажана претставата  ,,Енеида,, на  Театарот кабаре од Тузла, Босна и Херцеговина, втора изведба на програмата годинава. Режисер е  Владо Керошевиќ  а ова е прво гостување на театар од од оваа земја на фестивалот.  Според зборовите на актерите ова е интересна и уникатна претстава која одамна не е работена во регионот.

Енеида не е класична претстава, ниту е збор за класична драматизација на ова дело. Младите актери на еден храбар и решителен начин се прифатија на задачата и создадоа одлична претстава – вели Дамир Махмутовиќ член на театарот од Тузла, која премиерно беше изведена на крајот од март годианва.

„Енеида“ е латинска епска поема, напишана од Вергилиј од 29-та до 19-та година п.н.е. , која ја раскажува легендарната приказна за Енеј, Тројанец кој патува во Италија. Составена е од околу 10.000 стихови во дактиличен хексаметар. Првите шест од 12-те книги на поемата ја раскажуваат приказната за скитањето на Енеј од Троја до Италија, а втората половина на поемата раскажува за целосно победничко војување на Тројанците против Латините.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »