Петар Печков
Објавено: петок, 12 јануари 2018
Вечерва, петок 12 јануари, земјотрес ги вознемири велешани.
Земјотресот се случил во 19. 07 часот и 38 сек. Магнитудата била 2,6 степени и бил на длабочина од еден километар.
Според параметрите на EMSC (European Mediterranean Seismological Centre) -Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил близу Велес а на 7 км североисточно и 6 км југозападно од село Лозово, а 44 км југоисточно од Скопје.
Земјотресот го регистрирала и телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според нив земјотресот се случил на 12.1.2018 година во 19 часот и 07 минути со епицентар на 45 km југоисточно од Скопје, од велешкото епицентрално подрачје. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2.6 Овој земјотрес е почувствуван од населението во околината на Каратманово и Велес со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.
Жителите на градот го почувствуваа како силна бучава од длабочина, како експлозија, без тресење и тоа два удари за кратко време.
Во Центарот за известување немаат добиено повици од велешани, за причинети штети, како резултат на земјотресот.
Ист ваков земјотерс, со слична јачина од 3 степени, на подрачјето каде сега е регистриран, близу Велес имаше и на 21 ноември во 7,53ч. утрото, тогаш само на 2 км длабочина.
При користењето на податоците да се користи изворот портал ТрМр.
Tweet |