речник контакт

Вечерва се доделуваат наградите на ФАД „Стоби“ а во чест на наградените ќе биде изведена прставата „Отело“

„Отело“ на Шекспир е копродукција на БНП од Зеница и МНТ од Скопје, се игра на македонски и босански јазик

Петар Печков

Вечерва во 20 ч. со доделувањето на наградите се затвора Фестивалот на античка драма, „Стоби“.

Во нивна чест во 21 ч.  ќе биде изведена претставата „Отело“ на режисерката Нина Николиќ,  копродукција на Македонскиот народен театар и Босанско Народно Позориште   од  Зеница од Босна и Херцеговина.

Претставата ќе се одигра  и наградите ќе се доделат на сцената на велешки театар.  Жирито во состав Васил Зафирчев актер и режисер, Кети Борисовска актерка и Роза Трајчевска - костимограф ќе одлучуваат за наградите за најдобра претстава во целина, за режија и за машка и женска ролја. На Фестивалот во официјална програма беа прикажани шест претстави.

Претставата„Отело“ се игра во проза на два јазика, македонски и босански, секој од актерите игра на својот мајчин јазик.  Шекспировата трагедија „Отело“ премиерно беше изведена на 16 ноември 2019 во БНП – Зеница, а пред скопската публика на 4 декември 2019 година.

Во претставата играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарија Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Александар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ- Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед. Сценографијата е на Вишња Вујовиќ, костимограф,е Ивана Каранфиловска -Угуровска  а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »