речник контакт

Вечери на поезија со велешки автори во велешки театар

Нова програмска активност на велешки театар. Среда вечер ќе се чита поезијата на Катица Ќулавкова

Петар Печков

Театар „Јордан Хаџи Константинов  Џинот“  воведува нова содржина во нивната културна понуда.  На прес-конференција објавија дека започнуваат со   циклус „Вечери на поезија“ посветени на поети по потекло од Велес.  Тоа е  нова програмска активност на велешки театар  и ќе почне во среда, 22 ноември, со поетската вечер посветена на поезијата на академик Катица Ќулафкова.

Со оваа наша нова активност, сакаме да дадеме придонес  во афирмацијата и промоцијата на поезијата, како род кои што   помалку е застапена. Не само на сценско изведбените уметности туку воопшто и во јавноста. Тоа е наша обврска кон поетскиот збор,посебно за поетите кои потекнуваат од Велес. Тоа ќе биде  циклус на поетски вечери, еднаш месечно  на сцената на велешки татар. Имаме такво културно наследство од познати македонски автори кои пишуваат поезија и гревота е тоа да остане само на хартија  – рече Васил Зафирчев уметнички директор на велешки театар.  

Поезијата на Ќулавкова, која е годинешен добитник на највисокото општинско признание  а животно дело   наградата ,,Гемиџии,, ќе ја читаат актерите Слободанка Чичевска, Васил Зафирчев и  Младен Крстевски.     Изборот е  на  Зафирчев и Сашо Димоски, во соработка со академик   Ќулавкова. 

 Целта со овие настани е секоја вечер велешки театар да биде осветлен, полн со  посетители, да има настани. За утревечер е поезијата на Ќулавкова, следниот месец е на Ристо Јачев а за следната година ќе се договориме кого ќе  преставиме – изјави Младен Крстевски директор на театарот.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »