речник контакт

Викендов во Велес пишани 82 казни за не носење заштитна маска

Во изолација се 67 лица а во самоизолација 52, во велешко

Петар Печков

Со Решение во изолација  во велешко има  67  лица  а со Изјава за самоизолација има 52, соопштија од велешката полиција.  

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека сите ги почитувале овие мерки.- соопшти Верољуб Додевски, портпарол нa СВР Велес.

Во саботата  за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 48 а во неделата 34 или за овие два дена од викендот вкупно во 82 лица од Велес. Глобата за нив е 20 евра а ако платат во рок од осум дена, двојно пониска, десет. 

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »