речник контакт

Викендов велешки театар настапува во Мала Преспа - Албанија

Актери пред Македонците од Мала Преспа ќе ги играат претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“

Петар Печков

Викендов, петок  и сабота,на 28 и 29 јули, велешкиот театар „ Јордан Хаџи Константинов  Џинот“ќе настапи на 10-тото издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“. Велешките актери  пред Македонците од  Мала Преспа ќе  ги  играат   претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“,

„Театар, љубов моја“ од бугарскиот автор Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски е претстава за четири актерки од четири различни генерации. . Во претставата настапуваат Зорица Панчиќ, Кица Ивковска, Кети Борисовска и Талија Настова. Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а автор на музиката е Сашко Костов.

„Синиот портокал“ од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски е претстава за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.  Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

Со претставата „Театар љубов моја“ театарот од   Велес досега настапи и во Центрите за култура во Радовиш и Македонска Каменица, како и на фестивалот Бит-Фест во Битола, додека пак претставата „Синиот портокал“ беше изведена во Центарот за култура во Радовиш, на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на фестивалот „Скопско лето“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »