речник контакт

Викендов во велешко дури 107 лица се казнети оти не носеле заштитна маска

Секој од трите дена имало повеќе од триесетина казнети

Петар Печков

За изминатите три  дена  од викендот, во велешко  казнети се 107  лица поради не носење на заштитна маска, соопшти полицијата.

Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во петокот  биле констатирани  39 прекршока, во саботата 32 и вчера во неделата 36.  .
Овие граѓани не ја почитувале  Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски.

Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »