речник контакт

Викендов во време на 61 часовен карантин, фатени се осум лица од Велес кои биле надвор од своите домови а немале дозвола

Полицијата за три дена извршила 109 контроли на лицата кои се во самоизолација. Во државен карантин на подрачјето на СВР Велес вчера биле 49 лица

Петар Печков

Во Велес за викендов, 61 часовниот полициски час го прекршиле осум лица, еден во петок кон сабота, четири сабота и три недела до понеделник наутро.  Оваа информација ја сподели со јавноста Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во овие три дена бројот на лица во самоизолација се движел од 46 во петокот до 27 вчера, недела.

На прашањето на ТрМр колку проверки полицијата извршила овие три дена, Додевски одговори дека извршила 109 контроли во текот на трите дена, 46 петок, 37 во сабота и 26 вчера недела, поточно сите кои биле во самоизолаија.

ТрМр прашаше и колку лица се во државен карантин во трите објекти кои се на подрачјето на СВР Велес (освен хотел Монтенегро,  за ова се користат и два објекти во Кавадарци), одговорот од портпаролот Додевски беше дека вчера имало 43, во саботата 54 а во петокот 49 лица. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »