речник контакт

Викендов меѓународен натпревар на класична музика ,,Арт ин Велес 2018,,

Пријавени 250 учесници кои ќе настапат на сите музички инструменти и сите области во музиката. Доаѓаат освен од Македонија и од БиХ, Хрватска, Србија, Црна Гора

Петар Печков

Викендов на 9-ти и 10-ти  во Велес ќе се одржи Меѓународен натпревар на класична музика  ,,Арт ин Велес 2018,,. Истиот е во организација на здружението ,,Арт ин орг,, од Кавадарци а ќе се одржува во две сали на ОУ Блаже Конески. Ќе учестуваат околу 250 натпреварувачи од повеќе земји на Балканот, освен од Македонија и од БиХ, Хрватска, Србија, Црна Гора.

Учесниците ќе се натпреваруваат на  сите класични инструменти, најмногу на клавир околу 90 пријавено. Има и натпреварувачи кои свират  со корепетиција, или во придружба на клавир ќе свират -виолина, гитара, кларинет, труба, саксофон, флејта и контрабас. Меѓународниот натпревар ,,Арт ин Велес“ е  формиран со цел да се развива културниот и образовниот живот преку соработка и дружење на деца и возрасни музичари - уметници од целиот свет - изјави Илија Настов претседател на УО  и претседател на организационен одбор на  натпреварот, концертен изведувач - пијанист, чембалист и наставник по пијано во Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“- Велес.

Годинава за прв пат ќе има награди, парична и специјална за гудачи-виолинисти и виолисти д-р Томислав Димов неодамна починат врвен македонски музичар виолинист, кој работел и живеел во Малезија.   Завршницата ќе биде недела вечер во 20 ч. во поливалентниот простор на ОУ Блаже Конески кога ќе настапат најдобрите во секоја категорија, по што жирито ќе одлучи кому ќе му припаднат наградите. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »