речник контакт

Викендов нема патнички возови, поради продолжениот полициски час

Ќе сообраќа само утринскиот за Скопје во 6,45 ч.

Петар Печков

Патничкиот железнички сообраќај викендов нема да се одвива, освен утринските возови од Велес и Кичево кон Скопје. Ова го соопштија од МЖ АД Транспорт а по воведувањето на продолжениот полициски час кој преку викенд е од 16 до 5 часот наутро. 

Се врши и времена измена во возниот ред, со тоа што патничките возови во деновите за викенд  -сабота и недела, нема да сообраќаат. Исклучок од ова ќе бидат само возовите, од Кичево и  од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје - соопштија од Македонски железници АД Транспорт.  

Од Велес кон Скопје и обратно сообраќаат пет возови и еден од Велес за Гевгелија и обратно. Кон и од Кочани се укинати, додека поради одрон на пругата кон Битола, кај железничка станица Стари Град железничкиот сообраќај две седмици е во прекин.  

Не се во важност ниту бесплатните патувања за ученици, студенти, млади и возрасни над 64 години. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »