речник контакт

Викендов тројца мотористи со тешки повреди а врз тракторист поминало возилото

Невнимателноста на возачите и лизгавиот пат, придодонеле за повредите

Петар Печков

МВР информираше за четири настани кои се случиле викендов.

Неделата 2-ри јуни  во 11 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес- Извор, мотоцикл „Јамаха“, управуван од Д.С.(23) од село Тремник -неготинско изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Д.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Велес, каде му била укажана лекарска помош. Од таму информираа дека имал скршеница потколеница и скршен колк, поради што е префрлен на КАРИЛ. 

Неделата на  2-ри јуни  околу 3,30 часот во Велес на ул. ,,Васил Ѓоргов“ М.Ј (26) од Велес управувајќи мотоцикл „Пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки се излизгал со мотоциклот на коловозот и паднал,по што е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди.

Саботата на  1ви јуни околу 11.15 часот е пријавено дека во село Мамутчево- Велес, во дворот од сопствената куќа се повредил М. И. (64 год), на тој начин што додека лежел под неговиот трактор и вршел поправки, тракторот се придвижил и со задното тркало му поминал врз градите.  М.И. бил пренесен во Општа болница Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди. 

Саботата на  1-ви  јуни  околу 23,30 часот на Регионалниот пат Р-1312 Велес – Извор З. П. (30 год) од Скопје управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во бетонски ѕид. З.П е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди. 

Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на сите настани, по што ќе бидат познати причините за инцидентите. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »