речник контакт

Викендов часовникот оди еден час напред

Ноќта сабота кон недела во 2 часот стрелките се поместуваат на 3 часот, започнува летното сметање на времето

Петар Печков

Последниот викенд во март, вечерта помеѓу 28 и 29 март во 2 часот започнува летното сметање на времето и  стрелките на часовникот се поместуваат еден час напред. Ќе биде ли ова последното менување на стрелките ?

За укинување на ваквата пракса во рамките на ЕУ се зборуваше и минатата година кога Европската комисија предложи укинување на летното и зимското сметање на времето најдоцна до оваа година, а Советот на министри за транспорт и телекомуникација изрази загриженост за подготвеноста на земјите членки да се прилагодат на новите услови во толку краток временски период по што повика на одложување на суспензијата за промена на времето.

По ова, постигнат е компромис новата директива да стапи на сила од 1 април, а последното менување на стрелките да се случи во март 2020 година.

Дотогаш, земјите членки треба да преговараат за временските зони и трајното прифаќање на летното или зимското сметање на времето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »