речник контакт

Винарската визба Повардарие од Неготино отиде во стечај

Стечај барале 38 доверители а во велешки суд три години различни доверители бараа отворање на стечај на винарската визбата

Петар Печков

АД Повардарие од Неготино отиде во стечај. Ова е одлука на стечајниот судски совет во Основен суд Велес а за стечаен управник е поставен Зоран Денковски од Куманово.  Тој беше стечаен и за   Тутунски комбинат “Боро Петрушевски - Папучар“.   

Винарската визба  АД ,,Повардарие,, отиде во стечај по барање на 38 доверители.  Во тек е постапка на прибирање на побарувањата од доверителите, по што ќе биде познато колкав долг има винаријата.

Три  години во велешкиот суд имаше повеќе барања за отворање на стечај, но во последен момент доверители беа исплатувани, и тие го повлекуваа барањето за отворање на стечај на АД Повардарие. Собранието на доверители е закажано за 12-ти декември. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »