речник контакт

Винарскиот ден „Божуле“

Љубителите на виното од Македонија во Велес го одбележаа денот Божуле, француска традиција, која се слави во целиот свет и на кој се запива виното од годинашнава реколта на грозје.

Петар Печков

Љубителите на виното од Македонија во Велес го одбележаа денот Божуле, француска традиција, која се слави во целиот свет и на кој се запива виното од годинашнава реколта на грозје.
 
- Овде сме собрани и доктори, градоначалници, професори, сопственци на винарии но денес сме сите со едно име винопии и во таа чест да наздравиме - изјави Ристо Ташев, организатор на средбата и сопственик на винаријата Тристо.

Стотината гости имаа можност да се дружат во добра атмосфера и убава музика, на групата Трио Гранде.

Ова е четврта година по ред како се организира манифестацијата Божуле, за која домаќинот побара кум кој најадекватно ќе ја прекрсти на македонски и за него вети богата награда.

Овој ден се одржува секој трет четврток во ноември, кога започнува да се пие виното од годинашната реколта а Ташев се обидува манифестацијата да заживее и во Македонија.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »