речник контакт

Вино пијам, за 19 секунди

Велешанецот Мите Ѓоргиев за 19 секунди испи шише со црно вино и со тоа победи на натпреварот од питијадата. Награда доби печено прасе

Петар Печков

 Мите Ѓоргиев е победник на натпреварот во брзо пиење вино од шише. Нему му требаше 19 секунди за да го испразни шишето со црно вино од 750 мл  и за тоа добие награда, печено прасе. На натпреварот што се одржа во рамките на првиот ден до питијадата учествуваа пет натпреварувачи а награди имаше и за второ и третопласираниот.

Дали ова е светски рекорд или резултат за Гинисова книга не е познато, но секако го привлече вниманието на бројните гости на манифестацијата. Победникот Мите по завршувањето на натпреварот рече да имало и друго шише за да го испие и тоа  ќе го сторел пред останатите учесници да завршат со пиењето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »