речник контакт

Виртус по втор пат со ЦД

Групата Виртус го промовираше своето второ ЦД и овој пат со стари велешки и македонски песни.Како беше на промоцијата, погледнете

Петар Печков

   Велешката фолк група ,,Виртус,, на мотелот ,,На Велешко,, го промовираше своето второ ЦД насловено  ,,Бисери од незаборавот 2,, . На него групата испеа 14 стари велешки и македонски незаборавни песни, кои сакала да ги сочува од заборавот и времето. Меѓу песните се наоѓаат и: На Којник дуќан да имам, Ацано млада невесто, Сал си одам, сал си питам.

Со првото  цд, кое беше одлично прифатено,  не ја завршивме работата што ја планиравме и затоа следи второто, за да биде една целина. Сакаме да дадеме нов дух, ново руво на песните кои се пееле  во градот пред стотина години. Опкружени со музиката која се слуша а несвојствена е за Македонија, се решивме да ги вратиме овие нумери помеѓу слушателите – вели Роберт Трајков. ,,Виртус,, има настапувано на Тетовскиот Фолк фестивал и фестивалот Роса. Групата ја сочинуваат Стојанче Иванов клавијатури и вокал, Трајче Малиов – кларинет, саксофон и вокал, Иле Мазнев бас и вокал, Роберт Трајков гитара и вокал и Гаврило Дуковски ударни инструменти. ЦД-то е во издание на издавачката куќа ,,Сенатор,, од Битола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »