речник контакт

Висок одѕив, собрани 141 крвна единци на акцијата на МК „Носачи на крстот“

Една од поуспешните крводарителски акции на МК „Носачи на крстот“ изминатите 14 години

Петар Печков

На крводарителската акција , на Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, одржана денес во Ликовен салон, се собраа висок број на крвни единици 141. Од нив осуммина лица биле првократни дарители.  На акцијата се приклучија и дел од членовите на МК „Синови на громот“ од Прилеп, пријатели на членовите на МК „Носачи на крстот“.

Крводарителите од Велес и околината по кој знае кој пат докажаа дека се едни од најхуманите во државата. Тие  денеска  донираа вкупно 141 крвна единица што во период на пандемија со ковид-19 претставува огромно достигнување. Голема благодарност за сите дарители кои издвоија време и во недела даруваа крв -порача Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Претходно 13 години МК „Носачи на крстот“ организираше крводарителска акција, во чест на Денот на Општината 9-ти Ноември и ова е за прв пат да се организира и во пролет.  Најуспешна досега е таа од 2014-та година кога беа собрани 177 крвни единици.

Акцијата се организираше со  Институтот за трансфузиона медицина, членовите на Мото клубот „Носачи на крстот“ и волонтерите на ОО Црвен крст Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »