речник контакт

Висок одѕив за вакцинација во Виничани и Ногаевци, во Водоврати и Кочилари низок

Утре се вакцинираат жителите на селата Горно Чичево, Долно Чичево, и Подлес во Општина Градско и во селата Аџиматово и Сарамзалино во Општина Лозово

Петар Печков

Теренска вакцинација за заштита од ковид-19, од денес продолжи   во Општина Градско. Први беа  посетени селата  Кочилари, Ногеавци, Водоварати и Виничани. 

Таму вакцина примиле вкупно  111 лица, во Виничани 69, Ногаевци 30 и Водоврати и Кочилари  по шест.

Утре вакцинација продолжува во селата Горно Чичево, Долно Чичево, и  Подлес во Општина Градско и во селата Аџиматово и Сарамзалино во Општина Лозово.

Продолжува и вакцинацијата без термин, која се одвива во пунктот во Здравствен дом Велес, за која исто така владее голем интерес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »