речник контакт

Висок одѕив за обнова на документацијата за социјална помош

900 од 1,2 илјади корисници поднеле документи. Рокот завршува понеделник на 28 јануари

Петар Печков

Заклучно со денес, 23 јануари  три четвртини  од  корисниците на парична социјална помош ги поднеле потребните документи за обнова. Ова е информација од велешкиот Центар за социјални работи.

Обновата започна на 26 декември а завршува на 28-ти јануари. Или од 1,2 илјада корисници документација поднеле 900 лица.    Останатите лица имаат рок од уште неколку дена. 

Корисниците на социјална парична помош согласно Законот за социјална заштита еднаш годишно треба да поднесат документација за материјалната  и бројната состојба на домаќинството. 

Корисниците на социјална помош пред да ги поднесат документите за материјална и бројна состојба на семејството, треба со важечка лична карта да обезбедат документ од Агенцијата за вработување дека се активни баратели на работа - пријавување секој месец во АВРМ. Ова е обврска за сите членови на семејството на корисникот.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »