речник контакт

Висок пораз за велешките фудбалерки во Македонска Каменица

ЖФК КАМЕНИЦА САСА - ЖФК БОРЕЦ 6:1 (ПРВА ЛИГА)

Петар Печков

Во 13-тото коло од Првата фудбалска лига жени во Македонска Каменица се играше едно од двете дерби средби. Домаќинот ФК Каменица САСА ја декласираше екипата на ЖФК Борец со 6:1. Тоа беше натпревар на трето и петто пласираната екипа а актуелниот шампиони покажа дека се далеку поквалитетна екипа.

Дека велешанки не се во посакуваната форма на стартот во прилог е и резултат од првото пролетно коло, кога против екипата со  слаба гол разлика 6:49 и само една победа, ЖФК Топ гол, велешанки победија со скромни 1:0, икао на стартот од првенството најавија борба за титула.

По ова коло ЖФК Борец остана на 5-тото место со 24 бода а лидерот  ЖФК Љуботен бега со 8. Во следното коло ФЖК Борец дома игра со седмо пласираната екипа на ЖФК Истатов, која есеноска ја победи во гости со 2:5.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »