речник контакт

Висок степен на загаденост на реките во Велес

Забранети за капење, спорт, рекреација, риболов, напојување на стока, наводнување на површини, реката Вардар, Тополка и Бабуна.

Петар Печков

Подрачната единица на Државно санитарниот и здравствен инспекторат од Велес донесе решение за забрана на водата од реките Вардар, Тополка и Бабуна за капење, спорт, рекреација, наводнување на земјоделските површини и напојување на стока.

Ова се однесува на реката Вардар низ целото течение низ Велес од Башино село до Фабриката за вештачко ѓубре, за реката Бабуна и Тополка во долниот тек.

Причина за оваа забрана е високиот степен на загаденост кој го констатирал Заводот за здравствена заштита од Велес на овие реки.

Со апел се огласи и локалната власт која ги предупредува граѓаните на Велес на опасностите доколку не се почитува забраната како и до риболовците да не ловат риба во овие подрачја поради здравјето на луѓето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »