Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јули 2026
Од полицискиот билтен викендов
На 5 јули во 22:00 часот во село Иванковци, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.М.(34 год) од с.Иванковци. При сообраќајна контрола во село Иванковци, било сопрено патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено.
На 5 Јули во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61 год) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.
На 4 јули и 5 јули полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со Б.А.(60 год), Е.А.(22 год) и 20-годишната Ш.Р., сите од Велес. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека во домот, Б.А.(32 год) од Велес бил физички нападнат од неговиот брат Е.А. кој употребил и дрвен предмет, а потоа и од неговата снаа Ш.Р. и неговиот татко Б.А..
На 5 јули во 00:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.П.(39 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Вардарска“ било сопрено патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.П. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,67 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено.
На 4 јули во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник, кој истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63 год) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 3 јули во СВР Велес било пријавено дека околу 15:00 часот на патен правец Велес- село Бузалково, велешко, по кратка расправија поради недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу Б.Ј.(22 год) и М.Ј.(48 год) од една и А.Џ.(24 год) од друга страна, сите од село Бузалково, при што М.Ј. и А.Џ. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Од болница Велес, информираа дека А.Џ, има скршеница на шаката, М.Ј. има скршеница на стапало и набиеници на глава.
| Tweet |




