речник контакт

Високите температури влијaaт на здравјето на велешани

Службата за Итна помош две седмици е соочена со зголемен обем на работа

Петар Печков

Високите температури и екстремно топлиот бран, влијаеја врз здравствената состојба на пациентите, на територијата која ја покрива Итната помош од Велес. Службата две седмици е соочена со зголемен обем на работа. Ако во месец мај имало 1500 прегледи, плус 650 домашни посети, за 25 дена од јули имало  1620 прегледи плус  480 посети. Најчесто пациенти се повозрасната категорија и хронично болните.

„Овој топол бран многу влијаеше врз здравјето на пациентите, се соочивме со зголемен обем на работа. Тоа резултира со колабирање на пациентите кои најчесто не ги почитувале препораките на докторите.  Излегувале на пладне на екстремно високите температури. Проблеми се јавуваат и при крајот на денот околу 20ч.  Освен со колапси се соочувавме и со бројни сообраќајки, најчесто странци кои поради заморот излетуваат од автопат“- изјави д-р Сања Мишева од Итната помош при Здравен дом Велес.  

Итната помош од Велес покрива територијата на три општини,освен Велес и Градско и Чашка, со голема површина. Интервенира и до час и повеќе оддалечените села  Ореше, Папрадиште, Подлес, Нежилово. Или покрива голем дел од автопатот Табановце - Гевгелија од Катланово до Градско, каде летово поради замор се случија бројни сообраќајки, некои и со фатални последици по патниците, пред се странци.

„Ги советуваме повозрасната категорија да не излегуваат на пладне, исто така и бремените жени, децата без УВ заштита.  Да се носат очила, капи, светла облека, да внимаваат на исхраната, да има поголем внес на течности. Повеќе овошје и зеленчук кое претходно треба добро да се измие. Доколку се внесувам месо, термички да е добро обработено, да се избегнува масна храна“ - додаде д-р Мишева.  

Изминатите десетина дена температурата во Велес во ударните термини од 13 до 16ч. се движеше над 40 степен, највисоката беше измерен на 22 јули 41,2 според УМХР а на 25 јули Велес со 40,9 степени беше најтопол град во Македонија. Овие температура освен по  здравјето влијае и на енормно зголемена потрошувачка на вода, која за месец јули според ЈКП Дервен достигна до 260 л/сек, што е за двојно повеќе од претходните месеци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »