речник контакт

Вистини и лаги за најпопуларните додатоци на исхраната

За витамините Е, Д, Ц, за калциумот, за Гинко билбоа, Омега 3, што е добро а што негативно кај нив

Петар Печков

Гинко нема да ви го подобри помнењето, а додатоците со витамин Е можат да бидат штетни за луѓето кои зимаат лекови за згрутчување на крвта...



Пред се мора да знаете дека витамините најдобро реагираат и делуваат во вашето тело, ако се од животинска храна. Но, сепак не се апсорбираат лесно есенцијалните нутриенти, што значи дека многу од нас не добиваат доволно витамини или минерали. Да не ја спомнуваме неурамнотежената прехрана со недостиг на одредени видови на намирници кои ни се многу потребни.


Оценете дали во својата диета или начин на исхрана треба да воведете некои од овие витамини или додатоци...

1. Витамин Е. Антиоксидант кој го заштитува телото од напади на слободни радикали, т.е. молекули кои играат клучна улога во развој на ракот или срцеви болести. Витаминот Е го јакне имунолошкиот систем. Андреа Н. Гианцоли од американската Академија за диететика вели дека повеќето луѓе добиваат доволно витамин Е од храната што ја јадат, а добри извори се растителни масла, ореви, семки и лиснат зелен зеленчук. Витаминот Е исто така се додава на намирници како што се житарките како природен конзерванс. Втората причина да се држите до природни извори на витамин Е е таа дека додатоците можат да бидат штетни за луѓе кои примаат лекови за згрутчување на крвта и други лекови.

2. Витамин Ц. Постојат многу  полемики околу тоа колку витаминот Ц може да ја излечи настинката. Но, според Националниот Институт за Здравство, конзумирање на голема количина може да ја намали настинката за еден ден. Експертите препорачуваат земање на четири таблети од 1000 мг дневно со многу течности. Сара Брет од Универзитетот во Ајдахо објаснува дека витаминот Ц  се топи во вода и така ефективно ги уништува вирусите ако го примате со многу течности. Но, треба да почне да се пие на првите знаци на симптоми на настинка.

3. Калциум. Коските секогаш се надоградуваат било со отпуштање на калциум или со апсорбирање. На телото му требаат доволно минерали, но немојте да претерувате. Сепак, ако сте постари од 40 години треба да земате дополнителни дози калциум. Едно европско истражување на 24.000 испитаници покажало дека дневна доза од 2000 мг може да го зголеми ризикот од срцев удар. Пред одлуката за земање на додаток проверето го нивото на калциум и колку го внесувате со храната, вели Гианцоли. Препорачлива дневна доза е 1000 мг за жени помлади од 50 и 1200 мг за жени постари од 50 години, како и за жените во менопауза. Ако јадете три оброци млечни производи дневно, веројатно внесувате доволна количина.

4. Витамин Д. Овој важен витамин помага на вашето тело да го апсорбира калциумот. Ако не добивате доволно витамин Д, или ако вашето тело не го апсорбира добро, се зголемува ризикот за развој на остеопороза. Кожата произведува витамин Д кога е изложена на сонце, но со креми за сончање може да се намали неговото производство за неверојатни 95 отсто. Витаминот Д е присутен во само неколку намирници како млекото, јогуртот и сок од портокал, како и во масните риби како лосос или туна. Поради сите тие причини во комбинација, експертите за остеопороза препорачуваат земање на додадок на Д витамин од 400 иј.

5. Омега 3 масни киселини. Со години експертите не уверуваат дека ако сакаме да го заштитиме своето срце и мозок, мора да земаме омега 3 масни киселини. Причината е едноставна, малку намирници ја содржат оваа многу важна хранлива состојка. Меѓутоа, неодамнешна студија кај испитаници не покажала когнитивна или кардиоваскуларна корист по земање на таблетите. Препорака е да се јаде риба барем два пати неделно. Лосос, скуша, пастрва и сардини имаат најголема количина на овие есенцијални масти, но исто така можете да се одлучите и за бела риба, вели Гианцоли. Ако пак сте алергични на риба или нејзиниот мирис, внесете во прехраната повеќе лен, соја, маслени репки и ораси.

6. Ехинацеа. Како витаминот Ц, Ехинацеата е ефективна кај спречување на настинки. Неколку студии покажале дека земањето на Ехинацеа како чај или додаток не е делотворно, меѓутоа, други сметаат дека може да ја намали веројатноста за развој на настинка од 45 до 58 отсто. Проблемот е и во тоа што во истражувањата се користат различни видови на Ехинацеа растенија, подготвени на разни начии, вели Брет. Ехинацеата е најефективна кога ќе се забележат првите симптоми и се користи од 7 до 10 дена. Дневната доза е две до четири шољи чај или две таблети од 2000 мг.

7. Гинко Билоба. Иако се смета како суплемент кој ги подобрува когнитивните способности, британски научници во неодамнешно истражување открија дека гинко нема никакво влијание на когнитивните функции, без оглед на староста, дозата или временскиот период на земање на додатокот. И други неодамнешни студии укажуваат дека гинко не ја спречува Алцхајмеровата болест. Подобро зголемете ја својата ментална способност со учење на нови вештини или дружење со луѓето, вели Брет.

 текстот е преземен од Вечерњи лист - Загреб

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »