речник контакт

Вицови

-Тато, тато, како сум дошол на овој свет? -Те донесе штрк, синко. -Е, тато, тато, ти сешто онадуваш!

Зоран Николов

Мрачна соба: -Маче мое, каде си? -Тука сум, миличок! -Ќути курво, ја барам мачката! Се караат две момчиња. Првото: -Татко ми е подобар од твојот! Второто: -Не, подобар е татко ми! Првото: -Е, па мајка ми е подобра од твојата! Второто: -Знам, тоа го вели и татко ми! Разговараат Митрејца и Трпејца: -Слушај Трпејце, дали ти знаеш дека Трпе те изневерува? -Знам, знам, како може јас да не знам. А знам и со кого и кога и каде. Само немам поим со што ме изневерува. Прашање-одговор (?-!) Дали е можно слеп да му каже на глуво-нем: -„Не гледам што сакаш да кажеш!“ Позајмени графити: -Кој учи, ќе знае. Кој краде, ќе има! -Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш. -Биди паметен, остани будала! -Ако не можете да живеете еден без друг, венчајте се па ќе можете. -Кој јаде, не се плаши од глад. Оди татко со бебе во количка, а бебето непрестано вреска. Таткото само вели: -Смири се Трпе, смири се Трпе. Детето и натаму вреска, а таткото и натаму зборува: -Смири се Трпе, смири се Трпе. Сето тоа го гледа една баба, му приоѓа на човекот и мув ели: -Леле, колку сте Вие прекрасен татко, а дали детето се вика Трпе? -Ма не. Јас се викам Трпе... Фатил Трпе златна рипка, а рипката му вели: -Пушти ме и ќе ти исполнам тикет од лото! Младоженец на првиот ден од бракот и вели на младата, сега веќе сопруга: -Сакам појадок точно во седум-ме имало или не, ручек точно на пладне-ме имало или не, вечера точно во осум-ме имало или не... -Имам и јас еден услов!-возвраќа младата.-Сакам секс двапати дневно, те имало или не! -Прле оди во продавница и почнува да вика: -Имате ли кондоми?! Продавачката му вели: -Како прво, не е убаво да се вика во продавница, како второ, кондомите не се за деца, како трето, која големина ти треба? Прле вели: -Како прво: на школо не учеа да зборуваме јасно и гласно. Како второ, знам дека кондомите не се за деца, туку против деца. Како трето, ми требаат сите големини оти мајка ми оди на море! -Што е тоа: тешко е 300 кг., зиме грее, а лете виси на дрво? -Ич не ми текнува. -Печка! -Како да не! Како може печка да виси на дрво? -А што ти е тебе гајле каде си ја чувам печката лете? Седумте чуда на социјализмот: 1. Секој беше вработен. 2. Иако секој беше вработен, никој ништо не работеше. 3. Иако никој ништо не работеше, сите планови се исполнуваа 100%. 4. Иако сите планови беа исполнувани 100%, продавниците беа празни. 5. Иако продавниците беа празни, сите имаа се. 6. Иако сите имаа се, сите крадеа. 7. Иако сите крадеа, никому ништо не му фалеше. -Келнер, имате пиво? -Имаме, како не! -А дали ви е студено? -Да! -Добро, тогаш облечете се и донесете една ракија! -Вашето Име? -Трпе Трајчевски. -Година на раѓање? -1961. -Брачна состојба? -Неподнослива! Среде ноќ: -Тато! Тато! -Молам, синко? -Куќата гори! -В ред, синко, одиме надвор, но само полека за да не ја разбудиме мама. Дошол цајкан кај доктор со тешки изгореници на обете уши. Го прашува докторот: -Како се случило тоа? -Па, ѕвонеше телефон додека пеглав. -А добро, како изгореници на обете уши? -Па, потоа повикав Итна помош. Еден човек вика Итна помош: -Итна помош? Веднаш доаѓајте, малиот голтна презерватив. По 5 минути истиот човек повторно ја вика: -Итна, нема врска, најдов друг. Доаѓа Шкотланѓанец дома и и вели на жената: -Повторно поскапел бензинот! -Па што ти е гајле? Ти немаш автомобил! Да, ама имам запалка! Баба ми во во 60-тата почна да оди 10 километри дневно. Денес има 97 години и немаме поим каде е. Минува пешак на црвено, а од другата страна на улицата полицаец чека, па го повикува: -Зарем не го видовте семафорот? Пешакот: -Семафорот да, ама тебе не те видов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »