речник контакт

Владата и подари нафта на општина Велес, наменски за училиштата

Таа само е десетина од потребите на општинските училишта

Петар Печков

Владата им подари нафта за горење на 71 македонска општина од задолжителните нафтени резерви. Вкупната количина изнесува 1 455 000 литри екстра лесно масло за горење, која во малопродажба чини околу 1,5 милиони евра.

Според податоците во службен весник, најголем дел од општините добиваат од 5 000 до 30 000 литри, додека останатите поголеми количини. Велес е меѓу тие што добиваат поголемо количество, во бројки 60 илјади тони екстра лесно масло за горење заедно со  Охрид, Прилеп, Струга и Штип додека Струмица добила 50 илјади. Најмногу добија Битола, Куманово и Тетово, одлучила извршната власт по 100 000 литри.

Според податоците од минатите години во велешко се троши околу 600 илјади литри за училиштата во општината. Мерката, доаѓа по апелот на Градоначалниците до Владата  да седнат на заедничка маса за да го решат проблемот со големите долгови на локалните самоуправи поврзани со образованието. Последните пресметки на општините покажаа дека тие изнесуваат 25 милиони евра, поради што под знак прашање беше греењето во дел од училиштата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »