Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јануари 2025
Пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново е дело на СДСМ, посветената работа во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај. Ова беше кажано на денешната прес конференција на СДСМ, повод предавањето за користење на делницата Градско -Дреново, дел од експресниот пат Градско -Прилеп.
„Владата на СДСМ обезбеди средства и го реализира проектот со над 92%. Ги заврши трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново, четирите вијадукти, сите мостови, надпатници и подпатници, како и 98% од поставениот асфалт.
Актуелната власт само постави 50 метри асфалт и денеска го пушта во употреба. Очекуваме наскоро да биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, која е веќе над 80% реализирана, благодарение на домаќинското и одговорно работење на Владата на СДСМ. Беа пробиени и двата тунели на оваа делница и зошто власта сега доцни е прашање - кажа Миле Талески, пратеник во парламентот до СДСМ.
Tweet |