речник контакт

Владиката Агатангел ги повика верниците Велигден да го пречекаат со свеќи во рацете на прозорите и терасите од домовите

Црквите ќе бидат отворени но ќе служат само свештеници, без присуство на верници. Богослужбите ќе бидат директно пренесувани на ФБ

Петар Печков

Поради пандемијата со корона вирусот (КОВИД 19), иако црквите ќе бидат отворени, во нив ќе служат само свештениците. Ова е информацијата која ја објавија од Повардарска Епархија на  МПЦ- ОА. 

За да ја почувствувате Воскресенската радост која ги осветлува срцата и душите, Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните, кои ќе го означат Христовото Воскресение, со запалени осветени црковни свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на Вашите балкони, Вашите дворови или пак, во Вашите дневни простории и громогласно да ја запеете Воскресенската песна „Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари“ - побара Митрополитот Повардарски, Владиката Агатангел. 

Имајќи ја во предвид актуелната ситуација и неможноста на верниците да присуствуваат на светите Божествени Литургии во овие денови, од Повардарската  Епархија информираат  дека сите Празнични Богослужби ќе бидат пренесувани во живо на а фејсбук страна

https://www.facebook.com/povardarskaeparhija/

или на фејсбук страниците на архиерејските намесништва на Повардарската епархија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »