Петар Печков
Објавено: петок, 27 мај 2011
Жирито во состав Бранислав Ташковски, Оливера Николова и Методија Фотев меѓу дваесетте пристигнати дела на конкурсот за оваа награда, се решија за романот на Попов поради квалитетот, карактеристичното раскажување и актуелноста на дејствието.
Романот ,,Наспроти ветрот,, е впечатлива приказна која започнува со распадот на поранешната држава и преку интересни раскажувачки проседеа, го следи животниот пат на еден обичен човек, графички работник, кој верува во вредностите и сопствевниот труд. Делото е сугестивна човечка драма раскажана без изнасилен патос – изјави Братиослав Ташковски претседател на жирито, кое по четири седници едногласно ја донело одлуката Попов и неговото дело да бидат добитниците на ,,Рациновото признание,, кое ќе му биде врачено на манифестацијата која ќе се одржи на 8-ти и 9-ми јуни во Велес по 48-ми пат.
Во потесниот круг за наградата биле и делата на Драги Михајловски ,,Пепертуткарот,, Владимир Костов со ,,Послание за Страшниот суд,, и Оливера Ќорвезировска со ,,Две перници,,. Добитникот Попов задоволен што неговиот досегашен труд е вреднуван со ова високо признание.
-
Овој роман излезе од печат минатата есен, во годината во која се совпаднаа неколку мои лични јубилеи, 60 години од мојот живот, 40 години творештво а романот беше моја десетта објавена книга. Добивањето на ,,Рациновото признание,, ми дава за право да верувам дека сум постигнал уметничка зрелост и мојот авторски труд не е попусто порачен. Главниот јунак Александар Македонски, како и Рацин, се бори со лагите, арамиите и неправдите верувајќи во сопствените идеали за подобро утре на работникот и неговата татковина – рече Владимир Попов, авторот на романот ,,Наспроти ветрот,, добитник на ,, Рациновото признание,, за 2011 година.
Добитник на ,,Почесното Рациново признание,, за 2011 е хрватскиот македонист Златко Крамариќ, актуелен амбасадор на Хрватска во Македонија. Тој оваа награда ја добива како афирматор и проучувач на македонската култура во Хрватска. Тој има завршено Филозофски факултет во Загреб, отсекот македонска книжевност. Досегашни добитници на ова признание се чехот Иван Доровски, хрватите Алдо Климан и Горан Калоѓера, србинот Мирољуб Стојановиќ, бугарите Петар Крангов и Стефан Влахов, црногорецот Стеван Перовиќ, романецот Јон Илиеску и Жана Ангеловска пензиониран професор по француски јазик од Филолошкиот факултет во Скопје.
Tweet |