речник контакт

Владо ќе прозбори со новата продукција

Најновата вест поврзана со Владо Јаневски е дека популарниот пејач од \"Авалон продукција\" преминал во \"Аворд ентертејнмент\".

Никола Солев

Најновата вест поврзана со Владо Јаневски е дека популарниот пејач од \"Авалон продукција\" преминал во \"Аворд ентертејнмент\". Веста ни ја потврдија првите луѓе на \"Аворд\", кои нў информираа дека договорот за соработка е потпишан на три години, а првата обврска, снимање видеоспот, веќе е реализирана - темата \"Лесно ти е да ме оставиш\", каде што главната улога ја толкува Никола Ристановски, веќе може да се погледне на ТВ-станиците. Наредниот период е резервиран за работа на новиот албум, но и за една уште \"потешка\" задача - имено, луѓето од \"Аворд\", кои патем во соработка со \"Фајнл кат\" го издадоа и последниот албум на Тоше Проески \"По тебе\", ќе се обидат да го наговорат Јаневски да \"прозбори\". Има време. Пред нив се цели три години. Извор: Утрински Весник

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »