речник контакт

Влатко Темелков најдобар играч во ракометната лига на Луксембург

Екс македонскиот репрезентативец доби најмногу гласови

Петар Печков

На завршната гала вечер  на Ракометната Федерација на Луксембург, македонскиот интернационалец, и екс репрезентативец  Влатко Темелков (35 год)  беше прогласен за најдобар ракометар МВП во  сезоната 2014/5. Изборот е од страна на тренерите, новинарите и претставниците на клубовите од оваа земја. 

Искрено, оваа сезона бев во топ форма, дадов одлични партии и игри. Се чувствувам физички добро, плус имам големо ракометно искуство.  Како виното,колку постаро толку подобро.  Доста сум ценет тука и добивам многу позитивни коментари  од сите страни. Идол сум на многу деца, што навистина ми годи и ме прави многу среќен и горд - изјави Темелков. 

Оваа година тој беше вистински лидер  на неговиот клуб Каерјенг со кој  го освоија купот и второто место во првенството, со еден бод помалку од првопласираниот Дудлинген.

Многу луѓе имаат погрешно мислење за лигата во Луксембург.  Таа од сезона на сезона е се посилна и има многу добри интернационални  и домашни  ракометари. Играв долго време во Бундес лига и од лично искуство знам тоа да го оценам. Тоа ме прави да сум горд,среќен и почесен од наградата најдобар играч во Луксембург. Ракометот е моја голема љубов и го работам од срце, плус живеам спортски и можеби тоа е успехот на моите добри игри - додава Темелков.

Тој има уште една година договор за да настапува за  Каерјенг а за потоа ќе размисли. Веќе е тренер за помладите категории во клубот.Со неговото големо ракоемтно искуство  има што да пренесе на помладите. Неговата следна цел  и голема желба е местото тренер. Но за тоа  следната година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »