речник контакт

Внимавајте, крави на прошетка

Како да се избегне кравите да не бидат меѓу гостите на Долна Бабуна

Петар Печков

 Доколку се решите овој продолжен празничен викенд Велигден-Први мај да  заминете на излет, но не во Бугарија или Грција, туку тука некаде околу Велес, внимавајте.  Ако се решите за долниот тек  на реката  Бабуна, од игралиштето па нагоре,  можат да ви прават  друштво крави, кои додека седите се шетаат околу вас, се носат или враќаат  од паша.  

 Точно дека тоа е природа, дека кравите можат да се чуваат, ама не прилега рекреативен центар, излетиште на велешани да биде и  место за паша на стока. Згора на тоа локалитетот е заштитена зона. Не е нималку пријатно да одмараш а да бидеш со друштво со крави, па макар било и  10-тина минути  - велат велешани кои изминатите  викенди додека одмараа имаа прилика да бидат  посететни и од  говедата.  

Од локалната власт објаснуваат дека нивните служби ќе одат на терен, да ги посетат сопствениците и им посочат во период кога има посетители, говедата да не бидат пуштани да минат меѓу луѓето. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »