речник контакт

Внимавајте, месните преработки предизвикуваат рак

Светската здравствена организација предупредува виршлите и шунката како и тутунот, азбестот и дизел издувните гасови

Петар Печков

Светската здравствена организација соопшти дека месните преработки, како што се сланината, шунката и колбасите, може да бидат причина за појава на рак. Во заклучоците на извештајот се поддржуваат „препораки за ограничено внесување месо“. Извештајот го направиле 22 експерти од десет држави.

Според СЗО, месото се обработува на начин на кој му се продолжува рокот на траење или вкусот, со стврднување, додавање сол или конзерванси. Тие додатоци го зголемуваат ризикот од канцер додека високата термална обработка како што е - скара, може исто така да создаде канцерогени хемиски материи.

Во извештајот на Меѓународната агенција за истражување на канцерот (ИАРЦ) во СЗО, со седиште во Лион, се вели дека и црвеното месо во целина е „најверојатно канцерогено“, иако за тоа постојат ограничени докази.

Наведено е дека само 50 грама месни преработки дневно – што е помалку од две парчиња сланина го зголемува ризикот за развој на карцином на дебелото црево за 18 отсто. Сепак, СЗО смета дека месото може да биде и корисно за здравјето и оти тие заклучоци може да им помогнат на државите при давањето урамнотежени совети за исхраната.

„Таа одлука не значи дека треба да престанете да јадете месо и преработки, но ако многу консумирате, можеби би требало да размислите за редуцирање“, вели Тим Кеј, професор од британската Агенција за истражување на канцерот и додава дека здравата храна подразбира умереност.

Меѓународната агенција за истражување на ракот, со седиште во Франција а која е дел од СЗО, го стави обработеното месо како виршлите и шунката на листата во групата 1, каде веќе се наоѓаат тутунот, азбестот и дизел издувните гасови за кои постојат доволно докази дека се поврзани со ракот.

"За една индивидуа, ризикот да развие рак на дебелото црево поради јадење обработено месо и понатаму останува мал, но овој ризик се зголемува со зголеменото количество месо што некој го јаде", изјави доктор Курт Страиф од Меѓународната агенција за истражување на ракот.

Црвеното место, под кое оваа Агенција ги подразбира говедското, јагнешкото и свинското месо, беше класифицирано како веројатно канцерогено во групата 2А, каде се наоѓа и глифосатот, активна состојка во многу хербициди. Пониската класификација на црвеното месо се должи на ограничените докази дека предизвикува рак.

Од Меѓународната агенција за истражување на ракот нашле поврзаност главно со ракот на дебелото црево, како што беше случајот со обработеното месо, но исто така забележале поврзаност и со ракот на панкреасот и простатата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »