речник контакт

Внимавајте, четврток наутро ќе се прска против комараци

Третирање против комарци со почеток од 5 часот до 6.30 часот.

Петар Печков

Општина Велес ја информира јавноста дека ќе се спроведе првото авионско третирање против комарци на ден 07.06.2012 четврток со почеток од 05.00 часот до 06.30 часот.

Границата на третирањето започнува на исток од Башино село, преку автопатот Скопје-Велес до патниот јазол за приклучување на патот за Штип, преку автопатот Скопје – Гевгелија, се до кланицата АГРИА.

На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката Киро Ќучук, Башино село и Езеро Младост. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег. Оваа година за прв пат ќе се третира рекреативниот центар “Езеро Младост” со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »