речник контакт

Внимавајте и козметиката е опасна по здравјето

Неквалитетна козметика, опасна по здравјето на луѓето се наоѓа во продажба во Македонија.

Петар Печков

Неквалитетна козметика, опасна по здравјето на луѓето се наоѓа во продажба во Македонија. Бои за коси, кармини за усни кои во себе содржат канцерогени елементи сеуште можат да се најдат по полиците во земјава а најмногу по улиците а потрошувачите и не знаат што тие содржат. Во одредени дезодоранси има исто така опасни материи. Организазцијата на потрошувачите на Македонија се обидува да ги едуцира граѓаните, за штетните состојки кои ги има во производите.

- Дел од фарбите за коса, карминот за усни, содржат елементи кои се канцорегени. Откако се изврши хемиска анализа, ние како потрошувачи апелиравме за ваквата состојба, по што тие беа повлечени. Не можеме да тврдиме дека се е повлечено  и  дека дел од нив не останал на полиците од продавниците, затоа потрошувачите пред да купат некој од овие производи треба да проверат што тие содржат - вели Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачите.

Според неа тешко е да се каже дека некој заболел од рак ако пет години употребува боја за коса во која има канцерогени материи, ниту таквиот поединец може да се обештети и му се помогне. Но затоа се елиминира опасноста од  нивното штетно влијание со исфрлање од употреба на таквите фарби. Ништо подобро не е состојбата ниту со кармините за усни, посебно таканаречените трајни кои можат да се најдат во продажба на улица. Ваквата продажба на отворено е опасна за здравјето на секого од нас.

- Тешко оди контролата на козметичките препарати кои се продаваат на диво, на улица. За нив немаме контрола од што се создадени. Пред некое време испитување на овие препрарати во земјите членки на ЕУ покажа случаи кога тие се прават од коњска урина. Дали и кај нас е така, не можеме да тврдиме бидјеќи никој не извршил нивна хемиска анализа. Посебно сега пред новогодишните празници, кога ваквите „водички“ ќе се појават на пазар на улица потрошувачите треба да бидат крајно внимателни и таква роба да не купуваат - вели Лончар Велкова. Нема контрола ниту на козметичките салони и препаратите што таму се подготуваат, креми, масти, пудра. Затоа се препрорачува со внимателност да се приоѓа кон маркетиншките пораки, бидејќи тие не значат и квалитет, туку само реклама на стоката. За подобра едукација на потрошуивачите, ОПМ издаде брошура „Безбедност на коземтичките производи“ со цел подобра едукација на граѓаните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »