речник контакт

Внимавајте на далекуводите, додека работите во поле

МЕПСО апелира до земјоделците но и риболовците

Петар Печков

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата во близина на далекуводите од преносната мрежа.  

Cо тоа се изложуваат на ризик  и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.

Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците   

Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси   

Не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија  и се изложувате на огромен ризик   

Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далекуводот   

Не палете стрништа во близина на далекувод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем

Дополнително апелираме спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далекуводи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далекуводите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

Грижете се за сопствениот и за животот на другите!
Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем - порачуват од МЕПСО АД.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »