речник контакт

Внукот пријавил дека вујкото го нема во домот

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице

Петар Печков

Вчеравечер, среда, во Полициската станица Велес било пријавено исчезнување на велешанец.

„На 6 декември  во 19 часот во Полициската станица Велес, А.К.(46 год) од Велес пријавил  дека од домот се оддалечил неговиот вујко Д.П.(59 год ) од Велес, кој живеел сам“- информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото  лице.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »