речник контакт

Во ОУ Св. Кирил и Методиј нов парен котел

Проблемите со греењето во училиштето конечно решени

Петар Печков

За повеќе од  550 ученици  од ОУ Св. Кирил и Методиј   во блиска иднина е решено прашањето со греење. Пуштен е во употреба новиот парен котел, кој ќе се користи за греење на просторите во зградата.   

Досега во училиштето континуирано имавме проблеми со затоплувањето. Со новиот котел  тоа ќе биде минато. Од денеска па во иднина учениците и вработените ќе престојуваат во добро затоплени простории - рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.

Новиот парен котел работи на нафта и е набавен со средства од Буџетот на Општината во висина од еден милион денари. Има моќност од 580 киловати. Тоа е многу повеќе од стариот кој имаше 400. Во училиштето пристигна пред една недела. По што се  инсталираше  и  се стави во погон.

Од Општина Велес велат дека продолжуваат да работат на полето на енергетската ефикасност во училиштата. Следен проект ќе биде замена на прозори од неколку кабинети во ООУ „Блаже Конески“ каде состојбата е  најкритична.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »