речник контакт

Во Нежилово се одржа традиционалната стрип работилница

Во организација на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес во селото Нежилово викендов се одржа традиционалната стрип работилница.

Петар Печков

На работилницата   учествуваа млади ликовни творци вљубеници во стрипот  од различна етничка припадност од Велес, Скопје, Прилеп и Штип. Тоа се основци,средношколци, студенти и завршени студенти, вработени и невработени, а заедничка им е љубовта кон стрипот. Авторите имаа можност да се дружат и разменат мислења, а своите идеи ги преточија на хартија

Ване Трајков, претседател на Стрип центарот изјави дека од квалитетот на стриповите и од талентот на младите автори присутни на стрип работилницата, организаторите биле повеќе од задоволни.

Работилницата е дел од проектот „Стрип и инклузија ин, ксенофобија и дискриминација аут“, во состав на програмата „Младински одговор на ксенофобијата и расизмот во Европа“


Предвидена е и изложба на дела создадена на оваа стрип работилница која е закажана за вечерва  во 20 часот во клубот „ГЕМ-МЕНАДА“ во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »