речник контакт

Во дом во Штип, пронајдена дрога, приведен и велешанец

По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник, во дом на штипјанец, затекнати се сопственикот и велешанец и пронајдена е дрога.

„На  5 декември  во 06.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34 год) од Штип и Л.М.(55 год) од Велес. При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Л.М., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела материја, дигитална вага и други предмети поврзани со делото“- соопштија од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 фото интернет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »