речник контакт

Во дом на велешанец пронајден хероин

Кај В.Ј.(33) од Велес пронајдени и една вага и 50 илјади денари

Петар Печков

Претпладнево при претрес на дом на велешанец пронајден хероин. МВР со детали за настанот

„Денеска -11-ти февруари  од страна на полициски службеници на СВР Велес лишен е од слобода В.Ј.(33) од Велес. По наредба од судија за претходна постапка, извршен е претрес во домот на В.Ј., при што во дворот биле пронајдени 11 опаковки со прашкаста материја со кафена боја -хероин, една вага и 50.000 денари“-соопштија од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава дополнуваат од велешката полиција.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »