речник контакт

Во 2005-та речиси 92.000 жртви на природни катастрофи

Дали е почнат процесот на уништување-исчезнување на единствената „куќа“ на Човекот (од него самиот) проценете сами „со помош“ на следниов податок [b]Во природни непогоди во текот на 2005-та година ширум светот загинаа речиси 92.000, соопшти Меѓународната стратегија за намалување на катастрофи. [/b] ...

Зоран Николов

Честите суши, поплави и земјотреси, кои научниците ги опишуваат како последици на глобалното затоплување, во текот на минатата година погодиле 157 милиони луѓе, што е 7 милиони повеќе во однос на 2004-та. Во спроведеното истражување, како што презентираше во ОН Меѓународната стратегија за намалување на катастрофи, се нагласува дека бројот на природни катастрофи во 2005-та во однос на претходната година е зголемен за една петтина. Во тие катастрофи загинале вкупно 91.963 лица, што е значително помалку отколку во 2004-та, кога животот го загубиле 244.577 лица. Главна причина за големиот број на жртви пред 2 години беше цунамито што ја погоди Јужна Азија. Најголемата катастрофа на планетата во 2005-та беше разорниот земјотрес во Пакистан, во кој загинаа повеќе од 80% од вкупните жртви во елементарните непогоди. Според Салвано Бричено, директор на Меѓународната стратегија за намалување на катастрофите, порастот на природни непогоди ќе продолжи во иднина. „Во иднина можеме да очекуваме пораст на природните катастрофи, што ќе биде последица на големите климатски промени. Ризикот од катастрофи расте, а повеќе не се на удар само предели во Индија или во Кина. Наредните години жителите во големите градови во развиените земји ќе бидат изложени на големи природни катастрофи“, тврди Бричено, нагласувајќи оти сите земјите мораат да го сфатат ризикот од опасност и да инвестираат во приоритетни програми за да ја намалат својата ранливост. Во извештајот се напоменува дека сушите и поплавите се многу помалку смртоносни од земјотресите и бурите. Поместувањето на природните катастрофи кон урбаните средини во развиените земји ја зголеми и цената на нивните последици. Така, природните катастрофи во текот на 2005-та година направиле штета од 159 милијарди долари, што е за 71% повеќе од 2004-та. Најголема штета од 125 милијарди долари предизвика ураганот „Катрина“. Извор: Avizo MC

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »