речник контакт

Во 2020-та година во велешко родени 86 бебиња помалку отколку во 2019-та

Повеќе машки бебиња отколку девојчиња. Лани е родиле 514 бебиња, помалку имало само во 2016-та 512. Помалку бебиња се родени и во општините Градско и Чашка

Петар Печков

Лани во велешко биле родени 514 бебиња, што е за 86 помалку отколку во 2019-та. (податоците  се за општините Велес, Градско и Чашка). Од нив 272  се машки и 242 се женски.  Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом Велес, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, каде децата се евидентираат по местото на живеење. 

Станува збор за деца родени по адреса на живеење, која се води во велешко.  Податоците кои ги даваат од акушерско одделение од велешка болница се колку бебиња се родиле таму,по место на раѓање, без оглед од кое место доаѓаат.    Во минатата 2020-та година на акушерското  одделение од велешка Болница се родиле 412 бебиња, од нив 202 машки а 210 женски. Ова е за 61 бебе помалку во однос на 2019-тата кога се родени 473 новороденчиња.   На ова одделение  се породуваат родилки освен од Велес , од Чашка, Градско и Лозово но и од Кавадарци, Неготино, Свети Николе.

Споредено со претходните години забележлив е трендот на постојано опаѓање на новородените бебиња во велешко, според место на живеење.

Во 2019-та  родени се   600 бебиња, од нив 323 се машки и 277 се женски.  Во   2018-тата во велешко родени беа  662  бебиња, од тоа  297 машки и  365 девојчиња.  За потсетување  во 2017-тата имаше  724 новороденчиња, во  2016-та  имало 512 новороденчиња,  2015-та  се родиле  524,  додека во 2014-та  во велешко биле родени  557 бебиња. Во Општина  Чашка и лани 2020-та како и  претходната  и во 2018-та, има еден случај на породување во домашни услови.

Според местото на живеење  лани во градот родени се 294 бебиња (365  во 2019-та) од нив 155 машки и 139 женски, во селата  90 (99), во Општина Градско   вкупно се родени  16 (29)    а во Општина Чашка  има родено 114 (133) бебе. 

За потсетување во 2018-та имало  родено 397 бебиња во градот и 73 во селата, во  2017-та имало  435 родени во Велес, во селата 101,   во Општина Градско 49 а во Општина Чашка 140. Во 2016-та  во Велес се родени 405 бебиња, во селата  107, во Општина Градско имало 30 новороденчиња и во Општина Чашка 161. Во  2015-та во Велес имало 420  новороденчиња 102 во село, во Градско 42, во Чашка 131. И во 2014-та имало  461 родени бебиња  во Велес, во селата 96,  во Градско  39, во Чашка 142 родени бебиња.

Во ЈЗУ Општа Болница Велес, на акушерското одделение во 2020-та  година  се родиле 412 бебиња, од нив 202 машки а 210 женски,  во 2019-тата  се родени 473 новороденчиња, во 2018-та имало 505,  во 2017-та во велешката болница се родиле 649 бебиња а во 2016-та 651 бебе.

при користењето на податоците и преземањето, задолжително да се посочи дека анализата е  на порталот Тирековмирече

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »