речник контакт

Во 2022 година секој четврти ден во Велес воздухот бил загаден, над дозволените вредности

Во текот на 2022 година 96 дена во Велес биле измерени вредности на ПМ 10 честички, повеќе од дозволените 50 мг/м3

Петар Печков

Секој четврти ден во ланската година, воздухот во Велес бил згаден. Во текот на 2022 година 96 дена во Велес биле измерени вредности на ПМ 10 честички, повеќе од дозволените 50 мг/м3. Тоа е намалување од  27 дена, во однос на година дена претходно, но и за  61  ден повеќе од дозволениот број на надминувања во текот на една календарска година, кој е 35 дена. Прагот на алармирање лани не е надминат а на информирање е  во четири дена.  

„Прагот на информирање кога два дена последователно се регистрирани вредности  од 100 мg/m3  имало во деновите 21, 22, 23 и 24 декември. Податоците се добиени во понеделник 26.12.22 по известување од МЖС, Одделение за мониторинг на квалитет на воздухот, за проблеми со комуникација со голем дел од мерните станици вклучувајќи ја и Велес 2, поради миграција на системите на нови сервери. Прагот за алармирање за квалитет на воздухот од 150 мg/m’ не е измерен два дена последователно за 2022година“ - соопштија од Општина Велес.  

Најмногу денови 20, имало во јануари,   во ноември, декември  по 16 односно 17 дена, Двоцифрен број денови имало и во март 13 и февруари 10. Најмалку, со едноцифрена бројка  имало во мај два дена и пет во  август,  како и 6 и 7 дена во април и октомври. Три месеци во 2022 година немало загадување ниту еден ден, јуни, јули и септември.

Екологистите не го делат мислењето дека состојбата со квалитетот на воздухот во Велес е така добра, како што покажуваат апаратите на Министерството за животна средина. Тие се повикуваат на вредностите од апликацијата  “МОЈ ВОЗДУХ“.

„Параметрите што се следат не се така „розеви“. Тие се далеку под калвитетот на живеењето од европските градови, и градовите од Северна Европа. Дополнително нештата во и околу градот може да влијаат на квалитетот на воздухот. Точките на ризик постојат, греењето од домаќинствата, сообраќајот, имаме каменоломи, лесна индустрија, кои се околу градот, кои градат финансиски интерес не и еколошки, се создаваат нови жаришта и мораме посветено да работиме на намалување на   загадувањето“ - вели Стеве Дечев, екологист.  

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »