речник контакт

Во 2022 се намали бројот на родени бебиња во велешко

Лани во велешко родени 9 пара близнаци.Во Чашка и Градско се зголемил бројот на новороденчиња

Петар Печков

Во 2022 година е намален бројот на новороденчиња во Општина Велес.  Изминатите 365 дена се родени  388 бебиња, што е 28 помалку од новороденчињата во 2021 година, кога имаше висока бројка, за прв пат по еден деценија се зголеми наталитетот.

Од новородените лани,    машки се 197  а женски 191, повеќето родени во град се девојчиња 162/159 машки,  додека во селата поголем е бројот на машки бебиња 39/29.  Од вкупниот број во градот Велес на  родени  биле 321  бебиња а во селата  67.

Новина која годинава ТрМр ја обезбеди се и родени близнаци, тројки нема. Во градот има 7 пара, повеќето се во Скопје 4, во Велес 2 и во Битола еден, од нив 6 се машки и 8 се девојчиња. Во селата има родени два пара близнаци сите се женски, родени во Скопје.

Од лани родените новороденчиња, мајките на 199 се породени во велешка болница, 117 во некоја од болниците во Скопје, три во Битола и по едно во Прилеп и Струмица.  

Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом Велес, Служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, каде новороденчињата  се евидентираат по местото на живеење на мајката.

Во Општина Градско бројот на новороденчиња во 2022 година е 23 што е повеќе за три отколку 2021 година. Повеќето се женски14/9 машки. Во болницата во Велес се родени 15, во Скопје и Кавадарци по 4.

Во Општина Чашка родени се 126 бебиња што е за 20 повеќе од 2021 година. Повеќето се машки 64/62 женски. Има родени еден пар близнаци во велешка болница, машко и женско. Од вкупниот број 102 се родени во Велес, 21 во болниците во Скопје, едно е родено дома и по едно во Белгија и Германија.

Изминатата 2022 година во акушерското  одделение од велешка болница  родени се 383 бебиња, но тука се породуваат родилки и од Лозово и Свети Николе. Во 2021 година  биле родени 396 бебиња.

Докторите, гинеколозите,  овој пад го припишуваат на одливот на младите од градот и земјава, но и од социо- економскиот статус.

при користењето на податоците и преземањето, задолжително да се посочи дека анализата е  на порталот Тирековмирече

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »