речник контакт

Во 50-тите години порцеланци и свиларци на работа патувале со товарен воз

Се патувало со т.н. „локал“

Петар Печков

По формирањето на двата големи велешки комбинати, Свилара и Порцеланка, на почетоците од 50-тие години од минатиот век, се отворило прашањето како вработените, а ги имало во голем број, да доаѓаат и заминуваат на работа. Во тоа време немало многу автобуси па како решени било најдено, да патуваат во воз.  За тоа како се патувало, раскажа Благој Пановски, чичко Баге, вработен во фабриката „Нонча Камишова“.

„Патувавме со воз. Во месецот само неколку пати ќе пуштеа патнички вагони, сите други денови со товарни А работната недела беше  шестдневна, се работеше и сабота. Тој превоз беше и за нас, свиларци и за порцеланци. Во 5 ч. тргнуваше од Долни Дуќани, па запираше кај рампата  кај Дворови, за Музичкото каде е, и на Железничка. Се патуваше полека, полека, по 45- 50 минути. Често се случуваше да мора да се возиме со вагони, кои претходно ги користел Киро Ќучук, или, со многу земја и прашина. Па затоа некои од нас стоевме на надворешните лесвици. Најтешко беше кога мораше да се мине тунелот а локомотивата парна, на ќумур,  и чадевницата право во нас. Имаше случаи кога машиновозачот ќе не оставеше на Железничка,а имаше жени кои седеа долни дуќани, втора смена, како до дома во таа темница. Ги страеше, па расправии, гужви.   Порцеланка имаше повеќе пари и набргу си купија автобуси. Ние до Свилара за да си купиме, работевме секоја втора недела. И така по некое време и ние се сторивме со автобуси. Ама со години се патуваше со воз за ан работа. Администрацијата одеа со автобус, за нив имаше обезбеден добар  превоз“ - се присетува чичко Баге.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »