речник контакт

Во Африка снемува простор за живот на големите мајмуни

Животниот простор за горилата, шимпанзата и боноби во Африка драматичнио се губи

Петар Печков

Големите мајмуни, како што се горилата, шимпанзата и боноби, го губат просторот за живеење, велат научниците.

Тие забележале драматично опаѓање на територијата за живеење соодветна за големите мајмуни, стои во првото истражување направено низ африканскиот континент.

Источните горила, кои се најголемите живи примати, изгубиле повеќе од половината од нивниот хабитат од почетокот на 90-тите до сега.

Горилата од другата страна на реката, шимпанзата и боноби, исто страдаат од значајни загуби од животниот простор, стои во истражувањето.

„Некои истражувања или од локациите или на државно ниво, веќе покажуваат дека бројот на африканските мајмуни е под огромен притисок и во опаѓање“, вели Хјалмар Куел, од институтот Макс Планк за еволуциска антропологија во Лајпциг, Германија, кој помогна во организацијата на истражувањето.


Но недостасува поширока смисла; толку различни организации и научници се придружија во првиот континентално истражување за соодветните животни простори за големите мајмуни.

„Многу од авторите потрошија многу години да соберат податоци кои се користени во оваа студија, под екстремно тешки услови и со многу лична заложба“, рече д-р Куел за Би-Би-Си нејчр.

„Не постои ништо споредливо“

Научниците го спроведоа истражувањето во две фази.

Во првтата, тие определија точни локации на повеќе од 15,000 места каде различни видови и подвидови на африкански големи мајмуни е потврдено дека живееле во изминатите дваесет години.

„Потоа ги вреднувавме животните услови во овие животни средини, и на сите други локации низ цела тропска Африка, каде присуството на големите мајмуни не беше потврдено. Оваа задача вклучуваше, на пример, одредување на процентот на прокриеноста со шуми, потоа густината на населеноста од човекот, или климатските услови“, вели д-р Куел.

Од ова, научниците можат да ги пресметаат животните услови на овие локации потребни за големите мајмуни да живеат. Потоа, со употреба на сатистички модел, тие ја предвидоа површината на тие постоечки средини за живеење низ цела Африка, прво за 90-ите, а потоа и од 2000-та наваму.

„Почнете за цитирате“

Ситуацијата е многу драматична, голем дел од популацијата на големите мајмуни кои денес можеме да ги најдеме, ќе исчезне во блиска иднина“, вели експертот за примати Хјалмар Куел.

Овие резултати се застрашувачки податоци за конзерваторите.

Горилата се значајно засегнати. Горилата од другата страна на реката доживуваат како 59 % од нивната животна средина исчезнала во изминатите две децении. Источните горила, најголемите примати и најголемите живи примати воопшто, изгубиле 52 % од нивниот хабитат, додека западните горила изгубиле 31 %.

Исто така страдаат и различни видови и подвидови на шимпанза.

Боноби, кои се познати како шимпанза пигмеи, изгубиле 29 % од нивниот хабитат. Од различните подвидови на познати шимпанза, оние кои живеат во централна Африка изгубиле 17 %, а оние од западна Африка, 11 % од нивните живеалишта.

„Од неколку локации и истражувања на државни нивоа знаеме дека притисокот врз големите мајмуни ненормално се зголемува. Но и покрај овие сознанија, запрепастува тоа колку нашите најблиски живи роднини и нивните живеалишта исчезнуваат“, вели д-р Куел.

Притисокот врз големите мајмуни е различен и зависи од регион до регион.

На пример, во западна Африка, губењето на соодветни животни средини е заради уништувањето на шумите и заради ловот.

Нашите блиски роднини

Во централна Африка остануваат големи површини од недопрени шуми, но тие не се веќе соодветни за големите мајмуни заради непрестајниот лов кој се одвива заради снабдувања за месо за јадење.

Научниците би сакале да ги подобрат нивните истражувања, кои ќе обезбедат многу подобра слика за губењето на овие живеалишта кои надвиснуваат над големите мајмуни, со собирање на повеќе локални податоци.

Вклучувањето на социоекономските податоци, можат да помогнат во објаснувањето зошто во некои области големите мајмуни сеуште живеат во непосредна близина до луѓето, додека во други сосема исчезнале.

„Ситуацијата е многу драматична, голем дел од популацијата на големите мајмуни кои денес можеме да ги најдеме ќе исчезне во блиска иднина“, рече д-р Куел за Би-Би-Си нејчр. „Во се погустиот свет, со поголеми барања за простори, за дрва, минерални ресурси и месо, мајмуните ќе продолжат да исчезнуваат.

„Без фундаментални промени, прифаќањето како овие скапоцени мајмуни и нивната животна средина се нашле во сегашната ситуација, истата нема да се промени“

текстот е преземен од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »