речник контакт

Во Бабуна се крштеваа и Бугарка и Албанка (фото)

Годинава на групната крштавка имаше верници од Неготино, Скопје, Куманово, Гостивар, Кичево, Прилеп

Петар Печков

На деветтата групна крштавка, која се одржа во водите на реката Бабуна, покрај Велес се крстија 30 верници.    Бројката е вообичаена колку и изминатите години, но овој пат имаше  две жени, кои стапиле во брак со велешани а тие се родум од Бугарија и Албанија. Едната од близу Софија, другата муслиманка од Драч, која ја прими православната вера. 

Доаѓаат верници, повеќе ги има во повозрасни години, како се крштеваат. Крштењето е една од светите тајни и  во Библијата пишува дека тој што не е крстен, не може  да  верува.  Така по ова крштевање овие верници  станаа христијани, можат да ја посетуваат црквата, да се причестуваат, да присуствуваат на обреди, да се молат. По овој чин вратите на царството Божјо за нив се отворени  - рече Протојереј  Борис Симоновски.  

Досега  за деветте години групна крштавка на Бабуна,  биле крстени околу 350 верници.   Оваа сабота, меѓу тие што беа крстени беше и велешанката Пандорка Најдова   која со нејзините 62 години беше највозрасна меѓу сите присутни. 

Моите живееле во комунистичко време и не сме крстени. Децата се крстени, венчани, внуците се крстени и посакав и јас да влезам во ова царство. Се чувствувам   прекрасно, исполнета -   рече Најдова.

Наесен таа со сопругот Илија   планираат и да се венчаат на групата венчавка.   Меѓу триесеттина верници кои се крстија беше и скопјанката Александра Ѓоргиевска, која за овој настан дознала  преку интернет. 

Цел живот бев некрстена и сакав да го сторам ова. Ми олесни, за една обврска која ми стоеше над глава.  Парите што за крштавка требаше да ги дадам во црква, ќе  ги дадам на тие што им требаат. Ќе ги донирам  за животните – рече Ѓоргиевска.

Групната крштавка беше организирана од Повардарската Епархија на МПЦ-ОА а служеа свештеници oд велешкото архијерејско намесништво.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »